Тушева: ВМРО-ДПМНЕ им удри шлаканица на невработените

Од:

„Власта сака вештачки да ги избрише невработените и лажно да се намали скандалозно големата бројка на невработени. Груевски дојде со ветување од 8 милијарди евра инвестиции од кои нема ни денар и ова хистерично бришење се единствен начин да ја намали невработеноста“, изјави Маринела Тушева од СДСМ.

Тоа појасни, се прави со измените на Законот за осигурување и вработување во случај на невработеност, за кои рече дека се погубни. Појасни со пример – на лекар ке му понудат да работи како болничар или медицинска сестра од Штип секој ден да патува во Тетово и тоа со јавен превоз. Или пак електроинженер да менува сијалици и да патува секој ден од Штип во Кавадарци.

Со ова вели, се поништува образованието, зошто ни се 98% средношколци што одат на факултет ако државата во старт им кажува дека ќе бидат приморани да работат со пониско образование? Кој е ефектот од нивниот макотрпен труд потрошени години? По сето ова, вели Тушева, да не се чудиме зошто по најновите истражувања 80% од младите луѓе се чувствуваат немоќни да сменат нешто во државата а 50% сакаат да се иселат од Македонија.

„Со предлог законот ВМРО ДПМНЕ им удира шлаканица в лице на невработените , студентите и за сите оние кои плаќаат данок. Ова е признание дека нема ништо од лажните ветувања за подобар живот и дека гарнитурата на ВМРО ДПМНЕ е хронично неспособна да ги реши проблемите на граѓаните“, изјави Тушева.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ повторно го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра

Катерина Ѓуровски

По тајните средби со Ковачевски, СДСМ на Арсовска и плати билборди против ВМРО-ДПМНЕ тврди опозициската партија

Катерина Ѓуровски