Турски државјани рекетираа сограѓанин во Скопје, двајца се уапсени

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца турски државјани за кои постојат сомненија дека сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата осомничени во група, со сериозна закана по живот, присилиле еден оштетен, исто така државјанин на Република Турција, да им исплати 40.000 евра.

Оштетениот на 6 септември дошол во државава со намера да отвори фирма за градежништво и ИТ, а првоосомничениот, кој според досегашните сознанија се наоѓа во Дубаи, го контактирал телефонски преку мобилна апликација. Му се заканувал и му барал различни суми во износ до 70 илјади евра. Му испраќал и пораки со заканувачка содржина дека ќе го најде и во Македонија и ќе го убие доколку не продолжи да му плаќа рекет.

На 28 септември во земјава пристигнале другите двајца осомничени, од кои едниот внук на првоосомничениот и веднаш го контактирале оштетениот со намера да ги земат парите.

Се договориле да се сретнат со жртвата во еден трговски центар, па кога тој им го предал ковертот во кој се наоѓале обележани парични средства веднаш биле лишени од слобода.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ги прикријат трагите или да влијаат врз сведоците, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител предложи на двајцата уапсени осомничени да им биде определена мерка притвор.

Во однос на првоосомничениот, се преземаат дејствија за негово лоцирање со цел обезбедување за натамошната постапка.

Би можело да ве интересира

Тројца рекетари од скопјанец со закани и уцени зеле над 27.000 евра

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

Се истражува нападот во Визбегово, ОЈО бара притвор за маж и жена кои нападнаа новинарска екипа

Горан Наумовски

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он