А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Анита Петровска Рајковиќ
Македонија

Турци и кинези нелегално работеле во Македонија – Приведени пет странски работници

by Анита Петровска Рајковиќ05/06/2024 - 11:10185
Share0

Приведени пет странски државјани кој биле затекнати дека нелегално работат на градилиште во демирхисарско.

Добивај вести на вибер

Странците биле затекнати од полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со Државен инспектор за труд кој вршеле контрола на градилиште над с.Дрен, демиркаписко.

„ При контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување. Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.“ велат од МВР.

Подоцна, во 12.45 часот на земјен пат од с.Дрен кон истото градилиште, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „дачиа дастер” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа, било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци.

Тие, исто така, биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово. Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена.

nelegalni rabotnicistranci

Би можело да ве интересира

МВР: Државни службеници незаконски издавале македонски изводи на странци

Горан Наумовски07/11/2024 - 15:32

Министерство за здравство: Инициравме усогласување на цените за приватните здравствени услуги за странците со нашите граѓани

Горан Наумовски08/06/2023 - 19:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен