Транспаренси Интернешнл-Македонија ре-акредитирана во глобалната коалиција „Транспаренси Интернешнл”

Од:

Транспаренси Интернешнл – Македонија се стекна со ре-акредитација за наредните три години и со тоа ги исполни сите критериуми да биде полноправна членка во глобалната коалиција за борба против корупцијата “Транспаренси Интернешнл”.

Од македонскиот огранок наведуваат дека и понатаму ќе се залагаат да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата.

Транспаренси Интернешнл претставува глобално движење со повеќе од 100 национални ограноци низ светот, со една визија: воспоставување општество каде што владата, бизнис – заедницата, граѓанското општество и животите на луѓето во државата се ослободени од корупцијата, каде што сите договори, и односи помеѓу сите засегнати страни се базирани врз основа на владеење на правото, и почитување на законите и правилата.

Би можело да ве интересира

Индекс за перцепција на корупција: Македонија рангирана најлошо во регионот, пад од 17 места во однос на претходната година

Наум Локоски