Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Од:

Вечерва, Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократскиот сојуз, го одржа завршниот митинг, Павле Трајанов, Претседател на Демократскиот сојуз и носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица во Скопје, се обрати на присутните:

“Вечерва од Скопје објавувам дека дојде крајот на режимот, народот му ја покажа вратата и громогласно извикува, марш да ве нема ,доста грабавте, доста сеевте страв, не ви се плашиме”.

Ве повикувам сите заедно да го срушиме овој авторитарен режим, подржете не, дајте ни шанса да за една година расчистиме со политичката мафија.

Само со 15-20 пратеници ќе го демонтираме овој еднопартиски и криминален режим, кој младите ги присилува да си ја напуштат земјата.

Тие што бараат 63 пратеници, или повикуваат да не се гласа за други коалиции, тие се или ќе бидат диктатори и повторно ќе не газат.

Оваа е Коалиција за Промени и Правда, која ќе обезбеди плурализам, владеење на правото и власт на граѓаните. Законите ќе важат подеднакво за сите.

Знаеме како да се справиме со тие што ве прислушуваа, ги кршеа изборните правила и од земјата однесоа над 5 милијарди евра.

Ќе им се конфискува сѐ и ќе се врати на народот.

Промените се за да има систем за да одговара и Премиерот и Министрите ако го кршат Уставот. Политичката мафија ќе ја сместиме во БИЗНИС ЦЕНТАРОТ ВО ИДРИЗОВО, таму каде што тие испратија десетици, само затоа што не сакале да им служат и да бидат нивни послушници.

Отвораме перспективи за младите, создаваме бизнис услови за отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат над 90.000 млади и стручни кадри. Од Буџетот ќе издвојуваме над 800 милиони евра за развој. Со минимална плата од 300 евра ќе се зголеми продуктивноста, а странските компании не ќе можат да ги експлоатираат работниците.
Повеќе од 25 години сеат магла Премиерите, дека сакаат Македонија да биде полноправен член на НАТО и ЕУ. Тие не сакаат европски стандарди и вредности.

Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, без да се менува Уставното име. Затоа имаме граѓански консензус.

Ќе има реформи во системот за безбедност и судството. Тие што монтираа и фабрикуваа судски случаи и праќаа невини во затвор, ќе мора да понесат одговорност.

Ќе обезбедиме стабилност на државата, позорникарите ќе ги вратиме во населбите.
Реформите во образованието ќе ги направат професорите и студентите во соработка со бизнис заедниците.

Екстерното тестирање ќе го укинеме.
Ќе обезбедиме најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра.

Само 100 денара судска такса и за две третини ќе ги намалиме паричните казни, а радиодифузната такса исто така ќе ја укинеме.

Почитувани граѓани ние имаме визија за Македонија.

Македонија ќе биде модерна европска држава.

Сакаме мирот и спокојството да го вратиме во секое семејство.

Сакаме и тоа ќе го направиме, секој да се чувствува горд на својата земја, насмевката да се врати кај секој.
Сега е време за клучни одлуки. Во прашање е да се биде или не. Загрозена е иднината на Македонија.

Промените мораме заедно да ги направиме.

Ве повикувам сите, посебно неопределените, приклучете ни се, гласајте за кандидатите за пратеници на Коалицијата за промени и правда.

Имаме искусен тим, врвни професионалци, луѓе со високи морални квалитети.

Дајте ни шанса програмата да ја реализираме.
Одличен број, 5..

Гласајте за да тргнат работите напред.”

Откако ги наброја силните милиони евра украдени од граѓаните, Весна Стоименовска, носител на кандидатската листа во третата изборна единица јавно праша: “Абе шампиони од ДПМНЕ, каде се парите?”
Нека не нė мафтосуваат со приказни за федерализации, странски служби и светски заговори, бидејќи тие сами по себе се заговор против Македонија истакна Стоименовска.

Според неа на 11 декември сите ние во наши раце ја имаме моќта да пресудиме на овој грабеж, на оваа поделба, на оваа партиска окупација. Не заборавајте позади параванот сте сами! Вие, вашата совест и вашата мисла во каква Македонија сакате да живеете!

На 11 декември слободно и без страв побарајте одговорност од оние кои ве обесправија, ограбија, заплашија и осиромашија!

Гласајте за силата која ќе ја врати правдата во Македонија!
Бројот 5 значи токму тоа!!!
Не се плашете, режимот ќе падне!

На митингот се обрати и Горан Зафировски, лидер на МОРО – РП, кој рече:

Граѓани на Македонија, не ги трошете залудно своите гласови на ситните души – големите злосторнички здруженија, СДСМ И ДПМНЕ.

Секој глас даден за нив е глас даден за олигарсите и нивните слуги, ја продолжува агонијата на човекот што живее од својот труд, ја зголемува бедата и сиромаштијата, и ги брка од своите домови младите луѓе.

На митингот свое обраќање имаа и Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица, Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица, Александар Делов, носител на петтата изборна единица, Бранко Мајсторовски носител на шестата изборна единица и Емил Анастасов, лидер на ДЕМОС.

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Ана Ололовска

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска

Митинг на Коалицијата за промени и правда во Неготино

Ана Ололовска