Тодор Кулаков, таткото на загинатата Фросина Кулакова се огласи на Фејсбук по денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на момчето кое ја прегази неговата ќерка – Васил Јованов. Кулаков не штедеше критики за судијката во овој предмет, кој е одвоен од оној во кој Васил доби 12 години затвор за прегазувањето на Фросина.
„СУДИЈКА НА МАФИЈАТА млада ама веќе се истакна во КРИМИНАЛИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО… На денешното рочиште се покажа… А можеше и се разбира требаше да се изземе доколку и најмалку зрно етика има … ИМА ЛИ АКМИС СИСТЕМ ВО СУДСТВОТО И КАКО МОЖЕ ИСТА СУДИЈКА ДА ГИ СУДИ И ПРЕДМЕТОТ НА ВАСО И ПРЕДМЕТОТ НА ТАТКО МУ… ОВА Е КЛАСИЧНА КРИМИНАЛНА МАНИПУЛАЦИЈА НА АКМИС СИСТЕМОТ ЗА ШТО ЗА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ЌЕ БАРАМЕ КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ КОЈА СПОРЕД СУДСКА ПРАКСА ЗАВРШУВА СО ЗАТВОР… Ако веќе еден Претседател на овој Суд кој само наводно беше гонет за манипулирање со Акмисот иако реално се работеше за политички прогон, ама заврши со затворска казна… ЗАТВОР ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ ИЛИ НИШТО ОД ОВА СУДСТВО“, објави Кулаков.
Рече дека „ова веќе не е правосуден систем со 2% доверба туку ова е „веќе со негативен коефициент на доверба, значи со минус напред, бидејќи е правосуден систем во директна соработка со мафијата и подеднакво учесник во криминалот за што сега не се ни кријат. Ништо не се движи. Додека ние копаме и градиме гроб на Фросинче мафијашкото семејство на чело со мајка му на Васо и татко му копаат и ги потплатуваат судии, обвинители, адвокати, полиција и што се не друго…“ – напиша тој на ФБ.