Професорката по албански јазик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ Теута Kамбери Лала е избрана за нов претседател на Партијата за демократски просперитет на шестиот партиски конгрес што се одржа денеска во Тетово.
Конгресот на ПДП се одржа откако во текот на минатата година партија беше реактивирана и повторно впишана во судскиот регистар на политички партии во Македонија. Освен претседателката Камбери Лала, присутните делегати на денешниот конгрес избраа и ново Централно сорание на ПДП, а беа усвоени и стаутот и платформата.
Според генералниот секретар на ПДП и еден од иницијаторите за реактивирање на партијата Шинаси Адили, ПДП како најстара политичка партија на Албанците во Македонија е политичка академија и покрај институционалнитеи вонинститиционалните притисоци таа повторно да функционира на политичката сцена во Македонија.
Новата претседателка на ПДП Теута Камбери Лала истакна дека ќе се залага за развој на демократијата, како и подобрување на економијата во државата.