Тешко се повредени двајца малолетници кои возеа електрични тротинети

Од:

Полицијата извести дека вчера во Тетово и Гостивар се повредени двајца малолетници кои возеа електрични тротинети.

Во 15.20 часот е пријавено дека на регионалниот пат Р1-206 во село Врапчиште, гостиварско, малолетник од селото управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата малолетникот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар каде од лекар му се констатирани тешки повреди.

Во 15.55 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Илинденска“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „мерцедес“ управуван од А.М.(47) од Тетово и електричен тротинет управуван од малолетник од село Гургурница, тетовско. По несреќата, малолетникот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде од лекар му биле констатирани тешки повреди.

Би можело да ве интересира

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

Приведен крадец од тетовско

Горан Наумовски

Приведено момче кое украло електричен тротинет од скопјанка

А1он

Се уредува учеството на електричните тротинети во сообраќајот

Татјана Ташкова

Град Скопје објави повик за субвенционирање на електрични тротинети

Наум Локоски