Teшка сообраќајка на патот Прилеп – Градско, двајца загинати

Од:

Две лица загинале а едно било тешко повредено во тешка сообраќајка на новиот експресен пат Прилеп – Градско пред клучката за Кавадарци, потврдија од Брза помош Кавадарци и Територијалната противпожарна единица, кои интервенирале на лице место.

Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди.

Повеќе информации засега не можеа да дадат.

Лица што случајно се нашле во близина велат дека Итната медицинска помош и Противпожарната дошле најбрзо што можеле на лице место.

Пожарникари го ваделе преживеаниот, тешко повредено лице од еден од автомобилите и со Брза помош било пренесено на лекување.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

А1он

Момче (19) загина во сообраќајка во Хрватска, двајцата сопатници се неповредени

А1он

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски