Неколку средношколци попладнево се степаа во автобус број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот „Теодосиј Гологанов“ кон Центар, јавува МИА.
– Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП.
Инцидентот во ЈСП е пријавен во 14:30 часот, а како што информираа оттаму, случајот го презема Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека е излезено веднаш на терен и приведени се дел од учесниците во физичката пресметка.