Таткото на Фросина: Судии, обвинители, проценители и извршители направија аукциска куќа – „Кој ќе плати повеќе мито, тој добива“

Од:

Tаткото на трагично загинатата Фросина – Тодор Кулаков вечерва од пред македонското Собрание порача дека „Судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито тој добива“.

Голем број граѓани мирно протестираа од Универзална сала, поминаа кај Министерството за правда, па кон Собранието со крајна точка – Кривичен суд.

На транспарентите што дел од граѓаните ги носеа со себе пишува – „Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, пишува на некои од транспарентите. Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.

Триминутен молк имаше и пред Кривичен суд, исто како и пред Собранието и на Партизанска.

22-годишната Фросина Кулакова пред четири дена беше прегазена од дваесет годишниот Васил Јованов, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин на Партизанска.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Јованов ќе се жали за висината на казната за која вели е највисока во историјата

Катерина Ѓуровски

12 години е награда за вакво убиство, мафијашки суд штити наркодилери, револт кај таткото на Фросина

Катерина Ѓуровски

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Катерина Ѓуровски

„Греота девојчето, леле што направив“ – одбраната на Васил прикажа видео од моментите веднаш по прегазувањето на Фросина

Катерина Ѓуровски

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова, нејзиното семејство бара најстрога казна