Татко му на Маричиќ порача „једи *овна ти што прашуваш“, вицепремиерот се огради и извини

Од:

Момир Маричиќ, татко на Бојан Маричиќ, порача „једи *вна ти што прашуваш“, на видеото каде новинар на „А1он“ упатуваше прашања до еврокомесарот Дејвид Гир и вицепремиерот. Коментарот беше оставен вчера, а достапен беше се до попладнево, кога „А1он“ го контактираше вицепремиерот. Бојан Маричиќ се огради од однесувањето на Момир, притоа, во телефонски разговор и лично се извини во негово име, но и во име на неговиот татко. Смета дека коментарот бил пишан во афект, по што додава: „Што секако не е оправдување“.

„Целосно се оградувам од какви било навредливи пораки кои ги објавил кој било вклучувајќи го и мојот татко. Неговите коментари во никој случај не ги одразуваат моите ставови, ниту некогаш зборувал во мое име. И двајцата сме возрасни и секој одговара за своите ставови и постапки. Јас моите ставови ги изнесов јавно на прес конференција и секогаш изнесувам ставови кон медиуми со должна почит и внимание“, вели Маричиќ за „А1он“.

Вчера се обидовме да стапиме во контакт и со Момир Маричиќ во врска со неговиот коментар. На прашањето упатено преку порака до профилот од каде е објавен коментарот, дали останува на напишаното „једи *вна ти што прашуваш“, тој не одговори.

Инаку, Момир, татко на вицепремиерот Бојан Маричиќ е правник, како и поранешен член на Советот на јавни обвинители во време кога министер за правда беше Михајло Маневски. Момир, работната кариера ја заврши како обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје, кој барање за пензионирање поднесе веднаш откако неговиот син, беше кандидат за министер за правда во 2020 година.

Ваквото однесување на ексобвинителот Момир Маричиќ не е за првпат. Тој и порано, упатувал навредливи пораки кога се пишувало против неговиот син. Последно, за ваков случај беше обзнането во јули годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кога Маричиќ се црвенее и манипулира пред евроамбасадорот Гир за бифтеците на државна сметка

На Маричиќ му е гајле за ЕУ, транспарентноста и законите, кога треба да ги сокрие сметките за „гага кркање“ по кафеани

Кристијан Ландов

Вети и се сокри: Маричиќ ги опишува вкусовите на македонската храна, додека одбива да каже што јадел со државни пари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Маричиќ бара Тупанчески да го оправда со кого ги јадел бифтеците платени од државна сметка

Кристијан Ландов

Кој манипулира: За да ја намали сумата, Маричиќ си пресмета дека со државни пари јадел 365 дена во годината

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Маричиќ за богатите гозби на државен трошок: Не се согласувам дека тоа е некаков проблем

Кристијан Ландов