Татко и двајца синови крвнички тепале соселанец во Батинци

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан поведена е постапка и против еден малолетник согласно Законот за правда за децата.

Таткото на возраст од 41 година, заедно со синовите од кои едниот на возраст од 18 години, а другиот 15-годишно дете, дошле пред семејната куќа на еден оштетен во селото Батинци и започнале да му се закануваат, поради претходна расправија на оштетениот со детето.

Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото.

Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите.

Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за полнолетните сторители.

Би можело да ве интересира

Локализиран е пожарот кај скопското село Батинци

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

(ВИДЕО) Брутална тепачка меѓу навивачи и полиција, запален автомобил, коњаницата ги растера демонстрантите

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Заедно пиеле, па го претепале до смрт – обвинение за двајца скопјани