Ташевска Ременски во посета на Куманово

Од:

 Министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски денеска оствари работна посета на општина Куманово и ги посети институциите кои се во надлежност на министерството – детската градинка „Ангел Шајче“ и Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
 
Министерката Ременски при посетата на Домот за стари лица, информираше дека на средби со надлежните од овие установи и со градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски се запознала со тековното функционирање на институциите нивните проблеми и потреби и искажала подготвеност за поддршка на нивните потреби.
 
Таа ја проследи и претставата која учениците од СОУ „Перо Наков“ ја подготвија за корисниците на услугите на Домот за стари лица.
 
Градоначалникот Дамјановски, информираше министерката за труд и социјална политика, ја запознал за проектите за отварање два објекти за ран детски развој, кои чекаат на позитивна одлука на Советот на општината и ќтреба да овозможат парцијално вклучување на децата од предучилишна возраст.
 
– Ги поздравуваме напорите на општината и ги охрабруваме затоа што Куманово е град со најголем број на деца после Скопје кои се вклучени и чекаат за вклучување во установите за предучилишно образование. Ги истакнавме и заложбите на МТСП да пристапи кон исполнување на обврските во насока на тие проекти, изјави Ременски.
 
Во однос на посетата на градинката „Ангел Шајче“, Ременски истакна дека оваа градинка имар добар менџерски тим кој овозможува одлични услови за престој на децата.
 
– Градинакта „Ангел Шајче“ може да биде пример за другите градинки во Македонија и во однос на грижата за децата и за исхраната и целокупната организација во однос на активностите на децата, изјави Ременски.
 
Денеска, министерката го посети и домот за стари лица „Зафир Сајто“ кој е најстар старски дом во државата. Министерката појасни дека нејзината посета е во насока на истакнување на предностите и потребите од старски домови во државата.
 
Со директорот на Домот за стари лица, Џемаљедин Неџипи разговарале и за проблемите со кои се соочува установата во однос на функционирањето.
 
Неџипи истакна дека ја информирал министерката за начинот на функционирање, условите кои ги нуди, но и за проблемите со кои се соочува во однос на блок-дотациите кои пристигаат од МТСП.
 
– Блок дотациите ни се намалуваат секоја година во 2009 година имавме 19 милиони, а за 2016 имаме 10 милиони и 600.000 денари, што значи дека огромен дел од блок дотациите ни се намалени, изјави Неџипи.
 
Тој истакна дека со овие средства не можат да се покријат платите и изрази надеж дека ќе се земе во предвид оваа барање, за да може непречено да функционираат.
 
Министерката за труд и социјална политика најави дека ќе оставри средба и со директоторот на Центарот за социјални работи, со кого рече дека ќе разговаат за актуелни прашања кои се предемт на интерес, општо за услугите кои ги дава центарот, проблемите со кои се соочуват, но и да искажат некои забалешкиво насока на функционирањето на Центарот.

Би можело да ве интересира

Прво локално партнерство за вработување и креирање повеќе и подобри работни места

Ана Ололовска

МОТ: Годишно по 270 милиони повреди на работа и 160 милиони професионални болести

Ана Ололовска

Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

Емир Латифовиќ

Демант во врска со објавите во повеќе медиуми во кои се тврди дека Ременски го ускрати право на рехабилитација на децата со попреченост

Емир Латифовиќ

Реакција на МТСП на обвинувањата на Сојузот на слепи

Емир Латифовиќ

Раселените од поплавите уште 60 дена можат да останат во училишните домови

Емир Латифовиќ