СВОЗ – за РЕЈТИНГОТ

Од:

Малку прерано стартуван проект за парламентарни избори ,без техничка изводливост.

Сепак идејата на Груевски е добра. Прифатена е и од делот од ДУИ коалициониот партнер. ДУИ е инаку онаа иста партија што го гради „Скопје 2014“ и става споменици каде стигне низ Скопје. И учествува на по некој покрупен тендер, со здружени сили.

Кога добија негативен одговор за брзи парламентарни избори, некаде помеѓу 28 октомври до 25 ноември, ретерираа, се потсобраа и „идемо даље за исте паре“.

Веројатно буџетот треба да се полни со кредити, прерано неуспешно фингирање на изборите.

Дознав дека 190.000 патни исправи не се издадени но и ОБСЕ имале своја математика.

Вишокот на тие кои не треба да бидат на Избирачкиот список , статистички пресметале дека се помеѓу 90.000 и 115.000. Опозицијата еден ден ако дојде на власт треба да утврди дали овие лица гласале. Ова е добар виц на меѓународната. Не ми е јасно, што и ако утврдат. Двајца или тројца активисти ќеодлежат во затвор и ништо.

Вакви приказни сме имале на претек. Затоа е најдобро да ги затвориме книгите и да се фокусираме на следните избори.

Следните избори се своевидно продолжување на СВОЗ (Сите во одбрана и заштита), за рејтингот на лидерите.

Значи нема да се бираат средства. Веројатно вака ќе си тераат до кај Нова Година или и ќе се долева за да се креваат емоциите кај народот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе не брани од ДУИ , а тие ќе напаѓаат , ова ќе се случува наутро. Навечер ќе им бидат разговорите за економијата и останатото.

ДУИ лесно се прочита. Ако не им чинеше ни денот ни ноќта ќе иницираа правење на нова Влада со ново парламентарно мнозинство.

СДСМ и другиот дел на опозицијата немаше никој да ги праша за ништо. Ќе им се понудеше опција-Експертска или Широка влада. Техничка влада веќе отфрлија. Толку барем од политика сите се разбираме. Техничка влада добро е што отпадна и за следните вакви излети и настапи.

Експертска влада не е можно да биде составена освен 3 месеци пред избори.

Што значи на ДУИ, ако не им чини ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, најдобро е следниот пат да излезат од влада без чалами како досега. Веќе и за тоа немаат можност.

Чалами се доволен доказ дека тоа го прават заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата сега е на чисто, ДУИ или ќе ги чека изборите локални ,а и парламентарни на пролет , како оди работава или ќе си седи во вечерните часови со ВРМО –ДПМНЕ.

Мислам дека сите шанси на ДУИ се прокоцкани.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ и таму добронамерните ќе ги замолам да припазат со промената на имињата на улиците и отстранувањето на спомениците.

Ме потсетува на уривање на „окупаторски” споменици и своевидна федерализација.

Добро е во Скопје да има имиња и споменици на дејци од албанската историја во Македонија, која е заедничка и е културно и историско наследство на Република Македонија. Но и во цел западен дел е добро во деловите претежно населени со Албанци да го гледаме и таквото наследство на Македонците. И тоа е заедничко.

Па така драги мои од ВМРО-ДПМНЕ , да не дојде дека „шиткате“ лесно територии ,па да ве предупредам оти од вашиот познат патриотизам доволно бељи се изнагледавме.

А, не се само тука ВМРО-ДПМНЕ, во прашање ами и државотворците од СДСМ.

Ако не се сетат вмровциве ,сдсмовците време е да ги потсетат.

Не постои тема ако е државотворна, која нетреба да се спомне па ако треба ќе се падне намерно во замка и ќе се пука, но Македонија не смее да се изгуби. Таа не е ни на Ахмети и ДУИ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ.

Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска