Сведокот за „Маѓар телеком“ не се појави, судењето одложено

Од:

Главната расправа за „Маѓар телеком“ каде се обвинети поранешни директори на компанијата во Македонија, е одложен за 17 октомври. На денешното рочиште не се појави претставникот на „Камени мост комуникации“, кој беше повикан како сведок во постапка.

Адвокатот на одбраната, Ненад Јанаќиевиќ, изјави дека судот поднел достава до погрешен човек, а не до обвинетиот Атила Сендреи, кој тој го застапува пред судот, а кому му се суди во отсуство.

Јанаќиевиќ се надева дека до следното рочиште ќе се знае дали оштетените имаат побарувања. На откажаното рочиште присуствуваше и унгарскиот конзул во Македонија, Талпаш Золтан.

Јанаќиевиќ пред новинарите рече дека имаат забелешки на направените вештачења, со поставени 75 прашања на кои, како што рече не добиле одговор. Тој вели дека ќе ја почитуваат судската процедура и ќе се појавуваат на рочиштата.

Во случајот за злоупотреба на службената положба се обвинети Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, поранешни раководни лица во компанијата, кои шест години се недостапни за органите на прогонот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Хакерски напади од Кина, Виетнам и Русија врз унгарските финансиски институции

А1он

Мал пад на приходите на „Маѓар Телеком“

А1он

„Маѓар Телеком“ пријави пад на полугодишната добивка

Жарко Настоски