Сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за убиството на Вања, имал паничен напад

Од:

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведокот Гоце Трајковски, кој требаше да даде исказ во Судот за настани поврзани со случајот, не се појави во судницата.

Според зборовите на неговата мајка, Кираца Трајковска, Гоце утрово доживеал паничен напад, а имал и висок крвен притисок.

Гоце Трајковски, според информациите, беше еден од првите кои се вклучија во потрагата по Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања.

Како сведоци во судот се појавија и Зоран Ѓорчевски, таткото на Александар Ѓорчевски, дедото на Вања и Иванка Ѓорчевска, бабата на убиеното девојче.

За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

Сите обвинети за овие злосторства се изјаснија дека се невини.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Ослободителната одлука за Александар е законита, но празна, институциите не одговорија на суштинските прашања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар

Катерина Ѓуровски

Доживотен затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, осободителна пресуда за таткото на девојчето

Катерина Ѓуровски

Пресудата да убиствата на Вања и на Панче ќе биде објавена денеска

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, се изведуваат дополнителни докази

Катерина Ѓуровски