Support Kocani обезбеди креми во вредност од над еден милион денари за повредените од пожарот во „Пулс“

Од:

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека со дел од преостанатите средства од донациите е реализирана набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари.

Во рамки на набавката се обезбедени 300 креми Bioderma SPF 50, 300 креми Cicatrix и 150 сетови La Roche-Posay, кои се наменети за заштита, регенерација и подобрување на состојбата на кожата кај лицата со изгореници.

Од иницијативата информираат дека набавката е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување.

Средствата за набавката се обезбедени преку донации од граѓани и компании, а дел од процесот е реализиран со поддршка од аптеките кои овозможиле значителен попуст.

Лицата на кои им се потребни овие препарати ќе можат да ги подигнат од младинскиот центар „Гнездо“ во Коачни.

Оваа поддршка претставува уште еден доказ дека солидарноста и заедништвото имаат вистинска сила кога се најпотребни. Support Kocani останува посветена на помош и грижа за сите засегнати, сè додека постои потреба.

Би можело да ве интересира

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 луѓе

А1он

SupportKocani обезбеди донација на повредените во „Пулс“ за Клиниката за пластична хирургија

Катерина Ѓуровски

Преку Support Kocani набавена и втора пратка компресивна облека за 17 повредени во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Доктори специјалисти во Кочани ги прегледуваа повредените од „Пулс“ – дел од нив се уште имаат отворени рани

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Уште чекаме помош од државата сведочи мајка на момче повредено во „Пулс“

Катерина Ѓуровски