Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го потврди решението на судијата на претходно постапка со која му се одзема пасошот на Горан Грујевски осомничен во предметот „Тврдина“.
„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапуваше по жалбите поднесени од СЈО и одбраната на Грујовски, но ги одби двете жалби и го потврди решението со кое на Грујевски му се определува превентивна мерка – одземање на патна исправа“, се вели соопштението од Судот.