Судење „Пулс“: Адвокатката на газда Деко вели „никој на Дејан ме му констатирал пропусти во работата на дискотеката“

Од:

Ивана Коцевска, адвокатката на првообвинетиот во процесот „Пулс“, газдата на дискотеката Дејан Јованов-Деко достави дополнение на материјални докази кои првично беа доставени од ОЈО, па повлечени. Дејан Јованов Деко не бил свесен дека објектот не ги исполнувал условите, ниту пак знале дека ДНК ќе донесат и користат пиротехника и со тоа не може да биде виновен за обвиненијата за кои го товари OJO. Прбуваа со докази со измамнички дејствија. При земање на исказ, на повторен повик беше извршена измама. Обвинителството го измени исказот, вметнале цела реченица која Дејан не ја кажа во врска со противпожарната заштита во клубот. Тој немал свесност за пропустите рече неговата aдвокатка Коцевска во воведниот збор.

„Надлежните имале обврска да ми посочат, ниту еден инспекторат не бил на терен за да утврди пропуст. Нема ниту еден записник дека се констатирани незаконитости. Затоа тој единствено може да одговара за небрежност“, рече Коцевска која обвини дека ОЈО незаконите прибавувало докази.

– Мене како бранител на првообвинетите ми е најтешка задачата затоа го бранам човекот кој за сите вас е убиец, а за мене е обичен човек. Дејан е човек, а не монструм кој не посакувал ова да се случи, но се случи и ни ја тресна од глава целата нефункционалност на нашиот систем. Се надевам дека судот ќе биде праведен, но за жал треба да одлучува по ова небулозно обвинение. Обвинението е хаотично, со нејасно објаснат причинско последично поврзаност во период од 12 години.

Воведниот збор беше поетичен, но ништо не објасни. Се се зборуваше, а не за докази. Лошо составен диспозитив само го развлекува обвинението и процесот. Обвинителствот под притисок на јавноста и поради политики притисок успеа да поднесе најнеиздржано обвинение. Истражната постапка изобилува со пропусти. Сите сме свесни дека правда не се заснова на неправда. Не може никој да ме убеди дека 15 обвинители немале можност да ги достават интегрираното обвинение и новата листа докази. Со тоа само сакаат да не стават во неповолна положба, рече Коцевска.

Одбраната на Јованов поднесе приговор на две вештачења кои според нив се направени од вештаци кои не се во листата на официјални вештаци и бараат да бидат повлечени.

– Обвинението е конфузно и не е јасно кој обвинет што сторил или не сторил за да дојде до трагедијата. Со ова не велам дека нема одговорност, но со овој обвинителен акт нема да дојдеме до правдата. Ние бранителите не сме овде за да браниме злосторство, туку за да дојдеме до правдата. Треба да постојат докази кои ќе докажат дека без сомнение ќе се докаже вината, а тоа во овој случај не е можно. Небулозни квалификација на кривичните дела, само за да има обвинение за две дела. Двапати го теретат за еден ист настан. Целосно оспоруваме дека имало умисла за пиротехниката затоа што нему воопшто не му било пријавено дека бендот ДНК ќе донесе пиротехника. Тој воопшто не бил свесен дека објектот не ги исполнувал условите и ниту една институција не му посочиле дека е тоа така. Ќе докажеме дека може да одговара само од небрежност, а не поради умисла.

Причина е незаконитоста за пиротехника, и не била пријавена кај Дејан. ДНК и претходно носела и активирала пиротехника во други клубови и претходно не пријавувале во МВР. ДНК беа омилени и популарни, но пиротехниката која ја користеа прашање на време било кога ќе дојде до ваков настан. Ете се случи кај Дејан. Дејан не знаел дека ќе користат пиротехника ниту му било такво нешто најавено. Тој претходно кога други музичари му најавувaле пиротехника, викал стручни лица пиротeхничари. Го зел објектот под закуп, ги направил сите потребни подготовки, сето ова го доставил до сите надлежни органи за да ми се издаде лиценца. До Општина Кочани, МВР и Министерство за економија. По инспекциски надзор било констатирано дека се исполнети минималните технички услови и министерството му издало лиценца кои му се издавале 13 години. Ниту еден инспекторат ме му констатирала пропусти во сите тие години. Затоа кај Дејан не постоела свест дека не се исполнети потребните услови ниту дека не презел мерки за заштита затоа што никој тоа никогаш не му го посочил, нагласи Коцевска.

Обвинителството реaгираше дека обраќањето на бранителката ги преминало границите на дозволеното и ја повика да поведе постапка за обвиненијата кои ги изнесе.

Би можело да ве интересира

Деко се расплака во судница: Сите знаат колку генерации пораснаа во клубот и колку се грижев за нив

(ВИДЕО) Газда Деко и сите останати обвинети не се чуствуваат виновни по обвинението за трагедијата во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Судење „Пулс“: 13 мобилни телефони и лап-топ се пронајдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за „Пулс“: Обвинетите денес ќе се изјаснат за вината

Горан Наумовски

ВИДЕО: По претставка на родителите на загинатите во „Пулс“, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дел од адвокатите во „Пулс“ се жалат: Обвинителството прави грешки, се однесува несериозно и го забавува процесот

Катерина Ѓуровски