Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се сретнаа со француски правни експерти

Од:

Студентите од трета година на правни студии од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св „Кирил и Методиј“ во Скопје денеска имаа средба со заменик директорoт на Државната правосудна академија-ЕНМ од Франција, Жан Давид Кавалие и со универзитетскиот професор од Бордо, Оливие Дибос.

На средбата, на која на француските експерти го презентираа процесот на регрутација и селекција на идните слушатели на програмите за почетна обука за судии и јавни обвинители, присуствуваше и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, Анета Арнаудовска.

Како што информираат од Академијата, француските експерти и директорката Арнаудовска имаа средба и со продеканот за наука на Правниот факултет, Гордана Бужаровска, на која беа разменети искуства во насока на отпочнување нов процес кој води кон запознавање на студентите на правните факултети уште од самиот почеток на студирањето со условите и критериумите за влез во Академијата, како и со професиите судија и јавен обвинител, со што ќе се овозможи нивно натамошно насочување, но и навремена подготовка.

Бужаровска и Арнаудовска се согласиле дека токму во оваа фаза од исклучително значење е присуството и презентациите на странските експерти со што овие професии ќе станат попривлечни за студентите, дополнително ќе ги мотивираат, а на Академијата ќе и создадат поволна основа за избор и регрутација на најдобрите студенти во Програмата за почетната обука.

Кавалие пред студентите ја презентираше Државната правосудна академија – ЕНМ, а во рамките на своето излагање се осврна и на перцепцијата на јавноста во Република Франција за судиите и јавните обвинители, при што истакна дека нема голема разлика во Франција и Македонија кога станува збор за поимањето на судиите и јавните обвинители.

Тој посочи дека за да се разбијат стереотипите кај граѓаните, па и кај дел од студентите по право ,во Франција и во нивната академија големо внимание се посветува на самата личност на идниот судија и јавен обвинител, токму во фазата на подготовките за прием.

Би можело да ве интересира

Промоција на факултети и компании пред младите кавадарчани

Емир Латифовиќ

Врачени признанијата за најбезбедни и најчисти училишта

Емир Латифовиќ

Давитковски: Немам веќе сила и нерви за притисоците врз мене и Правниот факултет

Емир Латифовиќ

Предавање на Лудовикос Коцонопулос во Скопје

Емир Латифовиќ

Парични казни за градинката „Детска радост“ и за директорката

Емир Латифовиќ

ФОТО: Проектот на ОБСЕ на безбедни училишта – успешен во Кичево

Емир Латифовиќ