Студено утро, сончев ден, температурата од -11 до +12

Од:

Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до средината на оваа седмица насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.

Дневните температури ќе бидат во пораст.

По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Би можело да ве интересира

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо