Владата на Народна Република Кина доделува четири стипендии за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на кинеските државни универзитети за учебната 2013/2014 година.
Министерството за образование и наука денеска информира дека крајниот рок за пријавување е 2 април.
Подеталните информации и обрасци може да се најдат на веб страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.
Изборот на кандидатите ќе го врши Амбасадата на НР Кина во Скопје, а примените кандидати ќе ги започнат студиите во септември годинава.