Средба на претседателката Сиљановска Давкова со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Од:

Севкупните билатерални односи меѓу двете држави, биле во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ.

Од кабинетот на Сиљановска Давкова соопштија дека таа ја реафирмирала определбата од македонска страна за натамошно унапредување на меѓусебните односи по пат на отворен дијалог, за сите прашања од заемен интерес.

– Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека просперитетот и стабилноста на целиот регион, но и неговата европска интеграција, меѓу другото зависат и од нашите добри билатерални односи и посочи дека ќе работи во насока на продлабочување на односите, проширување на соработката, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добрососедството, се наведува во соопштението.

Претседателката Сиљановска Давкова и амбасадорката Јовановиќ размениле мислења и информации за актуелните состојби во регионот, во контекст на неговата европска перспектива.

Амбасадорката Јовановиќ упатила честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова до СДСМ: Очекувам нови решенија и враќање како активен општествен фактор

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите

Горан Наумовски

Белиот стап ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска, рече Сиљановска-Давкова

Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски