ВИДЕО: Среде Скопје се прогласува Илирида

Од:

Пред споменикот на Скендер Бег во Скопје поранешниот пратеник во македонското собрание Невзат Халили ја прогласи новата Република Илирида.

Пред чинот на прогласувањето на Република Илирида, десетици собрани граѓани се потпишуваа на барањето за собирање на потписи, кои ќе бидат доставени до Собранието за распишување на референдум.

Република Илирида ќе биде фактор на стабилност во Балканот и во ЕУ, бидејќи ни најмалку нема да ги загрози административните граници туку ќе спроведе конфедерална реорганизација меѓу двете републики Илирида-ПЈРМ, соопштија иницијаторите пред денешното прогласување.

Халили изјави дека бараат Македонија да функционира како држава со две еднакви републики, како што тоа е примерот со поранешната федерација меѓу Србија и Црна Гора.

ilirida-skender

Според иницијаторите, допрва следува собирање потписи за распишување референдум на кој граѓаните требало да се изјаснат за формирање на Република Илирида. Тие не го признаваат Рамковниот договор и сметаат дека тој бил во интерес на неколкумина од власта, но не донел никаква корист за албанскиот народ.

Како што рече Халили, тој веќе испратил барање до премиерот Никола Груевски за средба. Доколку Груевски не го прифати барањето, вели Халими, тие повторно ќе побараат распишување на референдум и дефинирање на границите.

Ние очекувавме работите да одат напред и работите да се променат во позитивна насока. За жал, тоа не се случи.  Дојде до војната во 2001 година, која војна беше од почеток до крај едно туѓо сценарио на некои надворешни сили, а не народна војна. Пред неколку години, двајца пратеници од ДУИ излегоа со јавна изјава дека ја поддржуваат република Илирида. За кратко време нивните изјави исчезнаа, бидејќи нивните патрони им наредија дека не смеат да го повторат тоа. Во 2012-та година ние објавивме Декларација за самопределување на Албанците во постојните граници внатре, а внатрешната граница ќе биде поставена со меѓународен договор и бараме македонските претставници и меѓународните фактори да седнат на маса со Албанците веднаш, тоа не е на штета на никој – изјави Халили.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ФОТО: Хамди како манекен ја претстави униформата на „Гардата на Илирида“!

Емир Латифовиќ

Лајм: Одложено прогласување на Република Илирида по препорака на странците

Емир Латифовиќ