Сообраќајот на патот Гостивар – Кичево е нормализиран, повредените пренесени на скопските клиники

Од:

Пет лица повредени во сообраќајката што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар – Кичево, се пренесени на скопските клиники, а едно е задржано во Болницата во Гостивар.

Сите се надвор од животна опасност.

Сообраќајот кој беше во прекин заради увид, од 18:30 часот е нормализиран и се одвива во двата правци без застој, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека во сè уште непознати околности, попладнево дошло до сообраќајна незгода во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

-Повредените не се во животозагрозувачка состојба, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники, изјави Реџепи.

Од 16 часот сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево заради сообраќајката беше во прекин, а возилата се пренасочуваа по споредните локални патишта.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он