Соња Тарчуловска оперирана и е во стабилна здравствена состојба

Од:

Соња Тарчуловска е оперирана и е во стабилна здравствена состојба, информираат за zdravstvo24.mk извори од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Таа синоќа со скршеници на карлицата и р‘бетниот столб по падот од тераса била примена во Ургентниот центар на Клинички.

Сега се наоѓа на одделот за интензивно лекување на КАРИЛ и е надвор од животна опасност, велат извори од Клиничкиот центар.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи за несреќен случај.

Фото: Архива

Би можело да ве интересира

ФОТО: Терасата од која паднала Соња Тарчуловска

Емир Латифовиќ

Соња Тарчуловска паднала од тераса, има тешки повреди

Емир Латифовиќ