Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 17, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според УХМР, до сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а особено топло ќе биде во петок и во сабота. Во четврток попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево време со умерена локална облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени