Сончево со умерен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Во текот ноќта ќе има услови за локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи и засилен ветер.

Утре, а особено в сабота ќе засилува југозападен ветер, а потоа со северен ветер се очекува позначително опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Денеска сончево и потопло време, температури до 23 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло до 22 степена

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер