Сончево со слаб ветер, температура до 30 степени

Од:

Наутро ќе биде свежо, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во следните три дена ќе биде претежно сончево, со мала облачност и засилен северен ветер. Минимална температура ќе се движи од пет до 17 степени, а максималната од 23 до 31 степен.

УХМР информира дека следува период на стабилно време со повремена умерена облачност. В недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура од вторник малку ќе опадне, а дневната температура наместа во Повардарието ќе надминува 30 степени. м

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Денеска ќе биде сончево и топло

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди