Сончево со ниски утрински температури

Од:

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност, а преку ден, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Според најавите, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје, наутро ќе има услови за појава на магла.

Преку ден, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Според синоптичарите, минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во следниот период се најавува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло до 37 степени

Денеска сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд

Денеска сончево и топло до 38 степени

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени

Денеска сончево со локална облачност