Сончево и топло со локална облачност

Од:

Во земјава денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе достигнат од 18 до 26 степени.

Во Скопје слично време, но ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

За време на големиот христијански празник Велигден во недела ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а веќе од понеделник синоптичарите најавуваат облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Темепратури до 20 степени денеска

Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени

Променливо облачно со локален дожд

А1он

Топло со температури до 25 степени, утре заладување

Променливо облачно со темепратури до 19 степени