Сочувство од премиерот Ковачевски за смртта на Владимир Глигоров

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази сочувство до семејството за ненадејната смрт на д-р. Владимир Глигоров.

-Длабоко сочувство до семејството за ненадејната смрт на д-р Владимир Глигоров. Д-р Глигоров беше познат политиколог и економист чии што истражувања имаа придонес во политиките на државите во регионот. Неговите анализи во делот на макроекономијата, финансии како и економскиот раст на земјите во транзиција, и натаму ќе бидат користени како патоказ при креирање на економските политики – напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

На 78-годишна возраст вчера во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија.

Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија” во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика”, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal” и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Виенски институт: Владимир Глигоров беше вистински интелектуален џин, остави длабока трага

Економистот Глигоров: Ограничувањето на цените на различни производи ја потиснува инфлацијата

А1он

СЕФФ: Фокусирање на зелената агенда, дигитализацијата и инвестирањето во човечкиот капитал неопходни за одржлив раст

А1он

Владимир Глигоров: Решението на спорот за името треба да има двајца победници

Наум Локоски