Скопската населба Керамидница и околината утре без вода

Од:

Корисниците од населбата Керамидница, дел од улицата „Киро Глигоров“ од крстосницата со улицата „Перо Наков“ до мостот „Близнаци“ и делот од улицата „Перо Наков“ до Металски завод Тито утре од осум часот ќе останат без водоснабдување.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на два затворача со пречник од 500 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Киро Глигоров“ и „Перо Наков“.

-Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирањето на дефектот, а во меѓувреме ќе биде обезбедена цистерна со питка вода која ќе биде стационирана во паркингот на „Бриколаж“, посочуваат од јавното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи