Скопјанец паднал по скали и починал

Од:

Вчера во 13.18 часот во полициската станица „Аеродром“ е пријавено дека во објект во изградба на улицата „Илија Димовски Гоче“ во Скопје починал Д.Н.(64) од Скопје.

Според пријавеното, Д.Н. бил во посета кај сопственикот на објектот, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скали паднал и од здобиените повреди починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

49-годишен скопјанец почина на работното место

Горан Наумовски

Скопјанец починал на Клиниката за токсикологија

Гостиварец паднал и починал во Старата скопска чаршија

Маж од Штип паднал од мотор и починал

Во стан во Аеродром починал маж