Вчера во 13.18 часот во полициската станица „Аеродром“ е пријавено дека во објект во изградба на улицата „Илија Димовски Гоче“ во Скопје починал Д.Н.(64) од Скопје.
Според пријавеното, Д.Н. бил во посета кај сопственикот на објектот, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скали паднал и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.