Сингапур ќе го поддржи македонското воздухопловство

Од:

Директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и на Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, Горан Јандреоски и Кевин Шум, склучија Договор за обезбедување на обуки во областа на воздухопловството, како потврда на посветеноста на Сингапур за меѓународен напредок на цивилното воздухопловство и поддршка на иницијативата на ИКАО “Ниту една земја не е изоставена“, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Како што наведуваат оттаму, цивилните воздухопловни власти на Сингапур, преку Воздухопловната академија, ќе подготвуваат и спроведуваат програми за обука како поддршка на развојот на воздухопловството во Македонија.

При склучувањето на договорот, директорот на АЦВ, потенцирал дека поддршката е од особено значење од аспект на подобрување на квалитетот на знаење на вработените во АЦВ и стекнување на нови вештини и искуства од областа на воздухопловната безбедност, навигацијата, воздухопловното обезбедување, како и другите области кои се од исклучително значење за развојот на македонското цивилно воздухопловство.

„Би сакал уште еднаш да нагласам дека како Агенција за цивилно воздухопловство целосно сме посветени да ја оправдаме довербата која сингапурските воздухопловни власти ни ја даваат како партнери и соработници, и максимално сме подготвени да одговориме на предизвикот, кој значи, давање на квалитетни услуги, и овозможување сигурен и безбеден воздушен сообраќај, на задоволство на воздухопловната индустрија и патувачката јавност“, подвлекол Јандреоски.

Осврнувајќи се на значењето на потпишаниот договор, директорот на Цивилните воздухопловни власти на Сингапур, Кевин Шум, потенцирал дека, тие со задоволство остваруваат соработка со цивилните воздухопловни власти на Македонија во подготовката на програмите за обука кои одговараат на потребите на АЦВ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска