Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада

Од:

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата.

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни.

Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Новиот собраниски состав беше избран на конститутивна седница во вторникот. Истиот ден за претседател на Собранието беше избран Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова до СДСМ: Очекувам нови решенија и враќање како активен општествен фактор

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите

Горан Наумовски

Белиот стап ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска, рече Сиљановска-Давкова

Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски