Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Од:

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион, нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска Давкова и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава.

-Во овој момент, затоа е и генералниот секретар на НАТО тука, неопходно е во рамки на НАТО да се надминуваат разликите, или да се усогласуваат разликите за да се обезбеди кохезија врз основа на заедничките вредности и принципи врз кое е втемелено НАТО, потенцира претседателката Сиљановска Давкова.

Таа изрази уверување дека НАТО не е само воен сојуз туку задница на споделена одговорност, но и најважно – на заедничка виизја и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на Алијансата.

-Како кредибилен сојузник ние го спроведуваме планот на инвестиции во одбраната. Потенцирам дека не се во прашање проценти и бројки туку инвестиција во заедничката одбрана и безбедност. Активно придонесуваме кон одбранбената позиција на НАТО и со тоа демонстрираме дека безбедноста е заедничка одговорност, рече претседателката.

Сиљановска Давкова истакна дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ, и поради тоа, како што рече, очекува на претстојниот самит на НАТО во Анкара особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан со оглед на актуелните предизвици.

– Мора да ставиме крај на вештачките причини и причините од идентитетски карактер за членство во ЕУ и да се фокусираме на копенхашките критериуми. Најголемата инвестиција и гаранција не само за нашата безбедност туку и за безбедноста на Европа во целина е нашето членство и членствот на Западен Балкан во ЕУ, нагласи претседателката.

Марк Руте подвлече дека Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на источната страна на алијансата.

-Северна Македонија дава повеќе од 2 проценти за одбраната од својот БДП, ова е огромен напредок и земјата дава свои заложби за да се постигне до 5 проценти како што беше ветено. Мораме да ги зголемиме придонесите кон одбраната и целосно да ги опремиме активностите на НАТО, сакам да ја поздравам поддршката на Северна Македонија за Украина, рече Руте.

Тој истакна дека мора да соработуваме за да ја поддржиме нашата заедничка безбедност и Северна Македонија игра значајна улога во заштитатат на безбедноста на Западен Балкан.

-Нашата посветеност кон регионалната стабилност е јасна, нема да дзволиме да се појави безбедносен вакуум. НАТО се псоевтува кон заштита на сите свои сојузници од каде и да доаѓаат предизвиците. Знам дека можеме да сметаме на Северна Македонија да го одигра својот дел, потенцира Руте на заедничката прес-конференција со Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Руте во официјална посета на Македонија

А1он

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

Сиљановска-Давкова: Користењето владин авион е и поевтино од комерцијален лет

Руте: Рускиот народ треба да знае дека војната ја уништува Русија

Горан Наумовски

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО