Сиљановска Давкова доби покана за учество на Самитот за мир во Украина

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими амбасадорката на Украина Лариса Дир, амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман и шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата, како што соопштија од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поканата упатена од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за нејзино учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

-Претседателката Сиљановска Давкова оцени дека претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, се наведува во соопштението.

Сиљановска Давкова, воедно, се додава, ја реафирмираше македонската поддршка за Украина по неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација и повика на почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност во Украина во меѓународно признатите граници и територијални води.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите

Горан Наумовски

Белиот стап ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска, рече Сиљановска-Давкова

Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

Сиљановска – Давкова: 20 години чекаме да станеме членка на ЕУ, многу од вашите македонски врсници се уморни од тоа чекање за европска иднина

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување