Шукова: Ќе бидам гласна за сè што е во интерес на граѓаните

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, ја претстави својата визија за главниот град, нагласувајќи дека фокусот ќе биде ставен на ефикасна комунална хигиена, модерен јавен превоз и борба против урбанистичкиот хаос.

-Скопје треба да биде град на граѓаните зелен, со ефикасен јавен транспорт и со хигиена која ќе биде приоритет број еден. Ние како партија, а и јас лично, ќе понудиме соодветни решенија за сите овие проблеми, изјави Шукова.

Таа најави нов концепт за управување со отпадот, кој ќе вклучува дигитално решение за следење на состојбата на контејнерите.

-Мора да се набави нова опрема, а потоа и софтвер кој ќе дава информации кои контејнери се преполни, а кои не се. Само така ќе имаме редовно и ефикасно собирање на отпадот, рече Шукова.

Во однос на јавниот превоз, го поддржа воведувањето на БРТ-системот како неопходно решение кое, според неа, мора повторно да се врати на маса“.

За загадувањето, пак, истакна дека е потребна соработка со граѓаните и идентификација на главните извори на проблемот.

-Ќе бидам гласна за сè што е во интерес на граѓаните. Мора да бидеме гласни за да се направат промените. Луѓето се желни да помогнат само треба да ги организираме и да им дадеме можност, додаде таа.

Шукова се осврна и на проектот Скопје 2014“, за кој рече дека не смее да се повтори.

Би можело да ве интересира

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје, но и целосна ревитализација на постојните зелени површини

Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад