Шест повредени во невремето во Скопје примени во болницата „Св. Наум Охридски”

Од:

Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов.

Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.

– Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди, додаде д-р Настов.

Би можело да ве интересира

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште