Претседателот на Здружението на новинари на Македонија на неговиот Фејсбук профил го искажа својот револт по изречената условна казна затвор за Ивона Талевска за затајување данок.
– За Томислав Кежаровски четири и пол години затвор за наводно откривање на заштитен сведок, условна казна од две години затвор за Ивона Талевска, за затајување данок. Ова ли е правда?! Вака ли новата власт ги замислува реформите во судство? Алал Ви вера револуционери, напиша Селмани.