Се преврте трактор, загина возачот, тешко повредено е момче

Од:

МВР извести дека вчера околу 13.50 часот во тетовската Клиничка болница бил донесен починат Ф.М.(22) од тетовски Порој.

Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал.

На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил контрола, по што тракторот се превртел, а од здобиените повреди Ф.М. починал на местото, а со повреди се здобил и еден малолетник кој, исто така, бил на тракторот.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на Ф.М. било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Се преврте трактор, загина сопатник, трактористот е тешко повреден

Трактор прегази малолетно момче