(ВИДЕО) Се одложи судењето за Горан Грујевски, не се појавија обвинетите ниту адвокатите

Од:

Судењето за уништување на опремата за прислушување на УБК, во кое првообвинет е екс началникот на петтата управа Горан Грујевски се одложи за 5 мај бидејќи не се појавија ниту обвинетите, ниту нивните адвокати.

На судењето се појави единствено адвокатката на одбраната Сања Алексиќ која кажа дека немало потреба да се појавуваат ниту обвинетите ниту нејзините колеги бидејќи немало услови за да отпочне главната расправа.

По одложеното рочиште, таа кажа дека побарале увид во предметот, но поради отвореното боледување на судијката Лидија Петровска, адвокатите и обвинетите одлучиле да не се појавуваат.

– Ние освен тоа што го слушнавме како усно образложување од страна на Ристоска, немаа обезбедено примерок за одбраната, рече адвокатакта иако обвинителката на СЈО појасни дека не е направен примерок и за одбраната бидејќи дел од адвокатите немаат сертификат за класифицирани документи, а деловодните книги се уште не се декласифицирани.

Специјалното Јавно Обвинителство до судот поднесе решение за декласифиакација од актите кои што на минатото судење беа спорни.

Обвинителката Ленче Ристевска кажа дека единствено некласифицирани останале деловодните книги. Таа нагласи дека УБК одбива да ја прими поштата од СЈО, па затоа сите дописи се пренесувале преку министерот Агим Нухиу.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Разрешен началникот Горан Грујовски, но дали е сега помошник директор во УБК?

А1он

Кривичниот суд го отфрли предлогот за притвор на Грујовски

А1он