Ако Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека есктерното тестирање за студентите е реформа, тогаш реакцијата на денешната прес конференција на СДСМ, треба да ја пратат на Илинденска кај нивниот шеф Груевски, велат од СДСМ.
За потсетување, еве што рече Груевски завчера:
“Дефинитивно е дека нешто мора да се промени, затоа што имаме факултети, па и цели универзитети каде проодноста на студентите е без знаење или без доволно знаење, каде што се ставаат деветки и десетки на секој, независно кој колку научил. Тоа е нездраво за едно општество. Тоа е правење штета на самите студенти. Тие стануваат, на некој начин, инвалиди во своето знаење“.
Груевски овде ниту говори за реформа, ниту пак е горд на високото образование во земјава.
Тој призна,неговата власт ја зафркна работата со инфлацијата на непотребни т.н.факултети и полуфакултети и универзитети.
СДСМ апелира: Недозволиво е товарот од штетата на власта на Груевски да падне врз студентите!