СДСМ Струмица: Курир треба да се срами од начинот и методите на информирање

Од:

Повеќе од сигурно е дека интернет порталот „Курир“ и неговите вработени, треба да се срамат со начинот и методите со кои ја „информираат“, или поточно, ја манипулираат македонската јавност. Но, во исто време, повеќе од сигурно е дека треба да се пофалат, оти го имаат најприкладното име за нивното квазиработење. Куририте на ВМРО ДПМНЕ од порталот „Курир“, денес побрзаа да направат спинувана информација, од типот „Курир неофицијално дознава“, за наводни прекршоци во работењето на компанијата „Тритерол“, рече портпаролот на СДСМ Струмица, Константи Костадинов.

„Од таквата нивна објава, произлегуваат неколку логични прашања, и тоа:

– ако нивните сознанија се неофицијални, како може да си дозволат да ги споделат со јавноста;
– на кој начин ги добиле таквите информации, ако не се во тесна врска со инспекциските органи;
– зошто во информацијата ги споменуваат Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, кога ниту во еден од наведените прекршоци, тендерите воопшто не се споменуваат
– и кога е веќе така, зошто повторно „Курир“ се повикува на лажните обвинувања од пратеникот Васил Пишев, кога нивните неофицијални наводи не кореспондираат со тоа што тој го зборува.
Ова е вистинска рашамонијада од која треба да се срами цела држава. Граѓаните со право се прашуваат, во која земја живеат.

Јасна е како бел ден спрегата помеѓу ВМРО ДПМНЕ, медиумите од типот на „Курир“ и нему сличните и институциите под диктат на диктаторот Груевски.

За среќа, тоа се само последни обиди да се спасат од бродоломот кој им се случува. Замислете, бродот им тоне, а тие ги обвинуваат оние кои се на брегот.

Но, уште малку. Крајот на пропагандната, криминалната и расипничката гарнитура е сосема близу. Доаѓа убавиот ден кога Македонија и нејзините граѓани, повторно ќе можат слободно да дишат“, вели Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костадинов: После десет години на младите од ДПМНЕ им текна за младите

А1он

Костадинов: Пишев ќе се соочи со правдата, ама не пред “сваровски судството“