СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита

Од:

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија.

Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.

Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?

И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?

Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.

Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?

Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пехар за благодарност за Македонија на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

А1он

Отворен Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан Први“

А1он

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески

А1он

Љутков: За 10 проценти е зголемен бројот на туристи во седумте месеци годинава, а за 5,5 проценти се поголеми ноќевањата

А1он

Новата Универзална сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта

Горан Наумовски

Љутков изврши увид во реализацијата тековните и планираните проекти во Дојран и Гевгелија

А1он