[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Активистот Петрит Сарачини на денешната конференција „Ингејџ“ организирана од радио МОФ зборуваше за пренесување на онлајн активизмот на терен, преку неговото искуство во граѓанската иницијатива „Аман“.
Во услови кога се ингорира од поголем дел од традиционалните медиуми, информацијата не доаѓа до најзагрозените… Не мислете дека ќе има ефект ако информацијата се пренесе од виртуелниот свет до установите – изјави Сарачини.
Тој додаде дека политичките елити работат на убивање на граѓанскиот дух и проблемот е што луѓето се занимаваат со пацифизам.
Треба да им урламе за да бидеме видени, не само онлајн и пред институциите, туку и од сите кои не се таму. Не можете да останете пристојни, ако другата страна е непристојна. Со креативност можеме да играме против некреативните. Ние треба да ги градиме границите на возможното, на креативноста за да постигнеме нешто – изјави тој.
Покрај тоа Сарачини укажа дека дојде време кога се дистанцираме од себе.