Ротфајлерот кој искаса осум лица во Аеродром привремено сместен во апартманот „Гиовски“

Од:

Во апартманот за кучиња „Гиовски“ кај велешко Војница привремено е сместено кучето „ротфајлер“, кое пред четири месеци искаса пет деца во скопската населба Аеродром и уште три лица во населбата Гази Баба во Скопје.

Ова денеска на новинарите им го потврди Ристе Гиовски тренер-дресер на кучиња, сопственик на апартманот за куќиња. Тој го покажа кучето пред медиумите и информира дека по привременото сместување кај нив кучето-бездомник деновиве ќе оди за Италија.

– Кучето е во нормална состојба, социјализирано и не постои никаква опасност од него. Кучето за кратко време треба да оди за Италија, иако правевме напори да се вдоми во Македонија, но не успеавме да го вдомиме тука. Договорено е уште претходно да оди во Италија, но не знаеме дали ќе биде сместено во пансион или ќе биде вдомено. Сигурно може да потврдиме дека ќе оди во Италија, рече Гиовски.

Би можело да ве интересира

Отруени кучиња во кавадаречкото село Шивец

Ана Ололовска

Почнува пребројувањето на бездомните кучиња

Ана Ололовска

Утре почнува пребројувањето на бездомните кучиња

Ана Ололовска